top of page

ОДБЕРИ ЕДНА ОД НАШИТЕ ПРОГРАМИ

САРОШ ОТВОРЕНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ти нуди можност да одбереш конретна област на едукација, согласно твојата возраст и интереси во рамките на една од нашите програми; АКАДЕМИЈА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ - од 0 до 19 години, ЈАС СТАНУВАМ ЧОВЕК - за млади професионалци од 22 до 30 години и „МАЈСТОРИТЕ УЧАТ ОД МАЈСТОРИ„ за ученици над 25 години. 
 
Literacy

I'm a paragraph. Click here to add your own text and edit me. I’m a great place for you to tell a story and let your users know a little more about you.

Science

I'm a paragraph. Click here to add your own text and edit me. I’m a great place for you to tell a story and let your users know a little more about you.

Writing

I'm a paragraph. Click here to add your own text and edit me. I’m a great place for you to tell a story and let your users know a little more about you.

Geography

I'm a paragraph. Click here to add your own text and edit me. I’m a great place for you to tell a story and let your users know a little more about you.

Mathematics

I'm a paragraph. Click here to add your own text and edit me. I’m a great place for you to tell a story and let your users know a little more about you.

Physical Education

I'm a paragraph. Click here to add your own text and edit me. I’m a great place for you to tell a story and let your users know a little more about you.

УПИСИТЕ СЕ ОТВОРЕНИ
до 31 Октомври, наставата започнува на 1 Ноември
САРОШ ОТВОРЕНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ Ви нуди можност да одберете конретна област на едукација, согласно возраста и интересите во рамките на една од нашите програми; АКАДЕМИЈА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ - од 0 до 18 години, ЈАС СТАНУВАМ ЧОВЕК - за поединци над 18 години и „МАЈСТОРИТЕ УЧАТ ОД МАЈСТОРИ„ за поединци над 18 години. Ве покануваме детално да ја разгледате нашата програма, да одберете наставна содржина и да се пријавите. 
НАСТАВНА ПРОГРАМА
 
1. Ние грдиме вистински карактери
2. Академија за деца и млади
3. Јас станувам човек
4. Мајсторите учат од мајстори
5. Цени
6. Пријава за запишување 

СИМНИ ПРОГРАМА ВО PDF
СИМНИ ПРИЈАВА
  
1. НИЕ ГРАДИМЕ ВИСТИНСКИ КАРАКТЕРИ
Животот на човекот е уникатно патување. Животот на образованиот човек е перфектна авантура низ најинтересните предели што ги нуди знаењето. Знаењето има суштинска моќ логично да не ориентира, да не подготви за сложените животни ситуации, да го просветли наишиот ум и да го претвори нашето тело во храм во кој живее нашата личност. Сите квалитети се резултат на знаењето а сите маани се резултат на незнаењето. Продуцентското друштво „САРОШ„ со својата програма САРОШ ОТВОРЕН УНИВЕРЗИТЕТ нуди можност за врвно неформално образование на секој поединец од најраната младост до доцната старост. Единствено образованието на духот и секојдневното вежбање на телото се двата феномени за кои нема возрасен лимит. Всушност, овие два феномена го облагородуваат животот на човекот а нивното перманентно практикување е клучно за здрав успешен и долг живот на секој поединец. Нашите професори, нивните предавања, реченици, ставови, карактери и генерираното знаење се патоказите и коритото на вашата животна река.
Колку и какво знаење, толку среќен и таков живот! 
„Ние градиме вистински карактери„ е мотото на нашиот универзитет, лајтмотивот, нишката која ги поврзува сите сегменти на нашата работа а тоа е врвно знаење, високомотивирани, етични и посветени професори, врвни програми за работа и соодветни организационо-технички услови за Ваш квалитетен личен развој. 
За физичка активност на сите учесници во програмите на универзитетот е одбран фудбалот, како најпознат планетерен спорт. Секој учесник во програмата е регистриран играч во рамките на програмата ГОЛЕМ ФУДБАЛ на ФК „Даме Груев„, каде што еднаш неделно, за време на викендите, на стадион, со фудбалска опрема, учествува во професионална фудбалска едукација во првиот дел и фудбалски натпревар во вториот дел на сесијата. На овој начин се гаранитра еднаш неделно физичка активност, учење на оваа волшебна игра, нејзино играње и социјализиација со другарите односно колегите од соодветната наставна група.
Во електронскава ера во која живееме денес, кога информациите се достапни, дефицитарни се „мислачите„, оние што знаат „најдобро да ги обработат достапните информации„ за од нив да добијат „најголем бенифит„. Наша суштиска цел е да образуваме „мислечки луѓе„ кои ги практикуваат основите премиси на кои почива нашата работа; СИЛА и нејзино перманентно развивање, ЧЕСТ кон себе и кон другите, ВЕРБА во иднината и СТРАСТ за знање, успех, победа. Вкупниот наш систем во неговиот завршен облик ќе содржи градинка, основно училиште, средно училиште и универзитет а овој долг пат кон знаењето го започнуваме со трите програми на нашиот отворен универзитет. Денес и овде инагурираме нов свеж едукативен систем кој во себе ги генерира најдобрите теории, искуства и пракси од најуспешните едукативни системи во светот; „финскиот образовен модел„, „јапонскиот едукативен модел„ и „англискиот универзитетски модел„. 
Секоја од програмите има своја специфика, суштина и делотворност и нив ги претставуваме во продолжение.
„Ние градиме вистински карактери„
Ние го нудиме НАЈДОБРОТО!!!

2. АКАДЕМИЈА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ

од 0 до 18 години

Академијата е систем на перманентна паралелна дополнителна едукација на децата и младите од нивната најрана возраст до19 години. Има десет тематски групи и нашата цел е суштинско продлабочување на знаењето на младиот човек во одбраната област, нејзино практично истражување по пат на пракса, вежби, посети на соодветни настани и поврзување на дополнителното знање со базичното знаење што се генерира во формалиот образовен процес. Нашиот универзитет го практикува „кругот на успехот„ што е наш автохтон и уникатен метод кој го користиме во сите сегменти на нашата работа. 
Ученикот е секогаш центарот на нашиот универзум. Нашиот пристап ги анимира сите сегменти од кој е составено секојдневието на младиот човек, истите ги претвора во синергетски интегриран систем кој на најдобар можен начин ги развива неговите таленти, во насока на личните и семејните цели и интенции со максимано искористување на можностите што ги нуди училиштето како формално образование и академијата како неформално оборазование. Академијата го овозможува она што мрежното не-време во кое живееме најмногу му го „краде„ на младиот човек а тоа се вистинските вредности, компасот и правата ориентација во времето и просторот, континуираниот одржлив развој, развивање на индивидуалните таленти и развивање на мисловноста. Нашата академија е факторот Х, тајната општествена состојка што води кон здраво семејство и здрав развој, раст и напредок на младиот човек. 

Програми:

1. РАНО ДЕТСТВО

А. 0-1 ГОДИНИ

Б. 2 ГОДИНИ

В.3 ГОДИНИ

Г. 4 ГОДИНИ

Д. 5 ГОДИНИ

2. ТЕАТАР

А. АКТЕРСКА ИГРА

Б. РЕЖИЈА

В.ДРАМАТУРГИЈА

Г. СЦЕНОГРАФИЈА

Д. КОСТИМОГРАФИЈА

3. ФИЛМ

А. АКТЕРСКА ИГРА ЗА ФИЛМ

Б. ФИЛМСКА РЕЖИЈА

В.КАМЕРА

Г. МОНТАЖА

Д. ФИЛМСКО СЦЕНАРИО

4. ВИЗУЕЛНА УМЕТНОСТ

А. СЛИКАРСТВО

Б. ГРАФИКА

В.СКУЛПТУРА

Г. КОМПЈУТЕРСКА АНИМАЦИЈА

Д. АРХИТЕКТУРА

5. МУЗИКА

А. ПИЈАНО

Б. ГИТАРА - КЛАСИЧНА, БАС, СОЛО

В.ТАПАНИ

Г. КОМПОЗИЦИЈА, FL STUDIO

Д. СОЛФЕЖ, ПЕЕЊЕ И ТЕОРИЈА НА МУЗИКА

6. ИГРАЊЕ

А. КЛАСИЧЕН БАЛЕТ

Б. ХИП-ХОП

В.ФОЛКЛОР

Г. ЛАТИНОАМЕРИКАНСКИ ТАНЦИ

Д. ЕВРОПСКИ ТАНЦИ

7. ПИШУВАЊЕ

А.ПОЕЗИЈА

Б. ПРОЗА

В.ЕСЕИ

Г. НОВИНАРСТВО

Д. КРИТИКА

8. ТЕХНИКА

А. КОМПЈУТЕРИ - ПРОГРАМИРАЊЕ

Б. ХЕМИЈА

В.МАТЕМАТИКА 

Г. ФИЗИКА

Д. АСТРОНОМИЈА

9. ЖИВ СВЕТ

А. ЕКОЛОГИЈА

Б. ЗООЛГОИЈА

В.БИОЛОГИЈА

Г. МЕДИЦИНА

Д. ВЕТЕРИНА

10. ОПШТЕСТВО

А.ПРАВО

Б. ЕКОНОМИЈА

В.ПОЛИТИКА

Г. ФИЛОСОФИЈА

Д. АНТРОПОЛОГИЈА

Нашито пристап е сеопфатен. Суштински квалитет на нашата работа е индивидуланиот третман, кој се базира на уникатноста на личноста на секој човек. Ние водиме грижа за „суштината„ на секој субјект кој е вклучен во нашата работа и развој и секое дете, млад човек, возрасен и постар човек ги доживуваме како индивидуи кои се во фаза на „откривање„ на сопствената „суштина„ и „интуитивен талент„ и негово макслимално развивање. Сензитивните фази во развојот и растот на младиот човек се круцијални за долгорочен успех, здравје и среќа во животот. Секоја од 10-те области ги обработуваме сеопфатно и едукацијата е паралелна и се надополнува со формалното образование во училиштето. Ако земем една област, на пример, Театар, тогаш, секој поединец поминува низ процес на едукација кој ги опфаќа сите сегменти од кои е изграде театарот; актерска игра, режија, сценографија, костимографија и драматургија. Тоа значи дека секој поединец ќе научи да игра улога, да режира, да подготви сценографија, да подготви костимографија и да напише драма. Ваквиот приод овозможува поединецот да ги изучи и практикува сите сегменти од кој е составена определената област, што ќе му овозможи широк и длабок увид во конкретната тема и можност за многукратно искористување на знањето во животот. По овој принцип се опфатени сите 10 области на едукација застапени во нашата академија,
Доколку детето, заедно со родителите биде вклучено во нашата програма уште од најрана возраст и помине низ сите фази на едукација тогаш, младиот човек со завршување на средното образовнаие ќе има длабински увид во одбраната област, силно развиени психофизички особини, квалитетна професионална ориентација и силна социјална интеракција. Сегментот „Рано дество„ е заедничка активност на родителите со децата, каде што низ детално осмислена програма се работи и со децата и со родителите, при што родителите се обучуваат како да ги развиваат самостојно различните сегменти на духот и телото кај детето. Во четвртата и петата година на возраст во овој сегмент од нашата обука се практикува и програма на рана детекција на интересите на детето, како насока за одбирање на област за продолжување на едукацијата по шестата година.
Континуираната едукација во рамките на нашата академија ќе овозможи 
 со макслимано внимание да бидат целосно искористени сензитивните фази на неговиот развој кои во комбинација со нашата наставна едукативна и образовна програма, вистински ќе го изгради неговиот карактер. Оваа програма е „алката што недостасува„ во синџирот на успешното образование, денес и овде. Заедно и посветено до целосен успех во животот. 

3. ЈАС СТАНУВАМ ЧОВЕК

над 18 години   

Созревањето и градењето „сопствен живот„ суштински се поврзани и целосно зависат од „претходното знаење„ кое го носиме како резултат на нашето семејство и нашето приватно и општествено опкружување. Многу често семејните архетипи и „обичаи„ несвесно се артикулираат и од младите. Освен формалното достигнување на полнолетноста и влегувањето во светот на возрасните, суштински, младиот човек е оставен сам да стекнува искуство и да се учи на сопствените грешки. „Јас станувам човек„ е програма на нашиот отворен универзитет која е насочена кон систематска едукација за сите вештини кои еден млад човек кој штотуку навлегува во својот самостоен живот, треба да ги знае, владее и практикува. Во оваа смисла нашата програма е уникатна, делотворна, систематизирано и интегрално ги опфаќа сите неопходни области од животот на младиот човек за кои е потребно знаење и усвојување на вештини за нивно квалитетно и долгорочно третирање.

Многу често, немајќи основно познавање за новонастанатата ситуација, било да е тоа љубовен партнер, брачна заедница, добивање на дете или ново работно место, поради неподготвеност на поединецот, определената ситуација влијае стресно и многу често го инфектира вкупниот однос и завршува со несреќен поединец, брак и долги негативни животни периоди. Се може да се научи и се е резултат на степенот на знаење. Со завршуваањето на вкупната програма „Јас станувам човек„, и успешно полагање на сите осум испити, младата индивидуа ќе се здобие со прецизни знаења, вештини, алатки и пристапи кои многукратно ќе и го олеснат, разубават и направат успешен вкупниот самостоен и семеен живот. Наша препорака е целата програма да се изучи интегрално и системски да се помине низ сеумте области. Се разбира, индивидуата може да одбере и дел од областите кои ги нуди нашата програма.
Ти си ковач на својата среќа. Подари си го најдоброто. Запиши се и заврши ја нашата програма „Јас станувам човек„. Стани среќен човек. Успехот како избор, не како шанса.
Среќата како резултат на сепофатен индивидуален развоен процес. 

Семестри:

1.БОН ТОН

А. ЛИЧЕН И ДЕЛОВЕН БОН-ТОН

Б.ПРОТОКОЛ

В. ЛИЧЕН СТИЛ

Г. ДАКТИЛОГРАФИЈА

Д.ДЕЛОВЕН АНГЛИСКИ ЈАЗИК

2. ЉУБОВ

А. ЗАЉУБЕНОСТ

Б. ЉУБОВ

В.ВРСКА

Г. БРАК

Д. ДЕЦА, РОДИТЕЛИ, СЕМЕЈСТВО

3. ЗДРАВ ЖИВОТ

А. ВО ЗДРАВО ТЕЛО ЗДРАВ ДУХ

Б. ЗДРАВА ИСХРАНА

В.ЛИЧЕН РАЗВОЈ

Г. ЗДРАВА МИСЛА И НАВИКИ

Д. ХОБИ,  ОДМОР И ПРЕВЕНЦИЈА

4. ЦЕЛИ И ПЛАН

А. СУШТИНСКО „ЈАС„

Б.ФИЛОЗОФИЈА

В. ПСИХОЛОГИЈА НА УСПЕХОТ

Г. ЦЕЛИ, ПЛАНИРАЊЕ И РЕАЛИЗАЦИЈА

.Д. НАДМИНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ

5. ФИНАНСИИ

А. ЛИЧНИ ФИНАНСИИ

Б. ШТЕДЕЊЕ

В.ИНВЕСТИЦИИ

Г. ИМОТНИ ОДНОСИ

Д. МИЛИОНЕРСКИ НАВИКИ

6. ОПШТЕСТВО

А. ПРОФЕСИЈА

Б. СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА

В. ВРАБОТУВАЊЕ

Г. ПРАВЕН СИСТЕМ И ПОЛИТИКА

Д. ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

7. ДОМАКИНСТВО

А. ГОТВЕЊЕ

Б. ХИГИЕНА

В.ЗДРАВИ СЕМЕЈНИ НАВИКИ

Г. СЕМЕЕН ОДМОР И ПАТУВАЊА

Д. ГРИЖА ЗА ВКУПНОТО СЕМЕЈСТВО

8. ПРЕТПРИЕМНИШТВО

А. ОД ИДЕЈА ДО СОПСТВЕН БИЗНИС

Б. КРЕАТИВНОСТ И ИНОВАТИВНОСТ

В. УПРАВУВАЊЕ СО ИНОВАЦИЈАТА

Г. ПОДГОТОВКА НА БИЗНИС-ПЛАН

Д. СТАРТ НА БИЗНИС И НЕГОВ РАСТ

4. МАЈСТОРИТЕ УЧАТ ОД МАЈСТОРИ​

над 18 години  

 
Оваа програма е форма на едукација позната како „Maser Class„ односно мајсторско предавање за секоја од опфатените области. Врвниот успех во една област е резултат на едукација, долгорочна работа, посветеност и целосна предаденост на она што се работи. Програмата е наменета како за професионалци од соодветната област така и за ентузијасти и љубители. Заеднички поминатото време каде што „мајсторот„ од определената област  го презентира својот начин на работа и осмислената програма за активно партиципирање на секој поединец кој ќе подготви една конкретна задача за крајната презентација на соодветнит курс, ќе овозможи директен увид на поединецот во „тајните состојки„ на соодветната област и ова е идеална можност професионалците да станат уште подобри во својата работа.
Се разбира, сите љубители и ентузијасти, како и поединци кои целиот свој живот имале желба  да се занимаваат со определена дисциплина а не се обиделе, ова е идеална можност, релевантно, компенетентно и стручно да добијат информации за определената област, да реализираат конкретна задача  и одлична можност за носење одлука за избор на определената област како професија. Секоја група освен главниот предавач има и асистент со кој поединецот ја работи практичната вежба, во консултации и со менторство на „мајсторот„.
Остварете го својот сон, научете мајсторство од вистински мајстор. 

Мaster Class:

1.ВЛЕЗ ВО ФИЛМСКАТА УМЕТНОСТ  

.2.ИЗИГРАЈ ЈА СВОЈАТА УЛОГА  

3.ИСПЕЈ ЈА СВОЈАТА ПЕСНА   

4.НАПИШИ ЈА СВОЈАТА КОМПОЗИЦИЈА  

5.НАСЛИКАЈ ЈА СВОЈАТА СЛИКА   

6.ИЗРЕЖИРАЈ ЈА СВОЈАТА ПРЕТСТАВА   

7.СНИМИ ГО СВОЈОТ ФИЛМ  

8.ИЗРЕЖИРАЈ ГО СВОЈОТ ФИЛМ    

9.НАПИШИ ЈА СВОЈАТА ПЕСНА  

10.НАПИШИ ЈА СВОЈАТА КНИГА  

11.ИСПРОДУЦИРАЈ ГО СВОЈОТ НАСТАН 

12. ВОДИ ГО СВОЕТО ТОК-ШОУ   

Мастеркласот е место за добивање релевантно знаење и искуство од врвен професионалец во областа, размена на идеи, средина за сопствено мотивирање, стекнување колеги и соработници од соодветната област и завршната презентација е можност да се презентира од страна на секој поединец што научил, разбрал и на кој начин влијаела едукацијата врз него. Презентацијата е јавна со можност за учество на публиката во завршната дискусија. 
 5. ЦЕНИ
АКАДЕМИЈА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ

ОСНОВНА ПРОГРАМА

Програмата се одвива напоредно со школската година  и  се состои од два пати по 1 часа неделно од по 60 минути - настава или вкупно 2 часа, во две сесии неделно. Во програмата се вклучени професори од соодветната област и таа е наменета за базично запознавање со одбраната област
 Период - Септември - Јуни
Групите се по 25 учесници. 
Цена 1.500 денари месечно

НАПРЕДНА ПРОГРАМА
Програмата се одвива напоредно со школската година  и  се состои од два пати по 2 часа неделно од по 60 минути - настава и вежби и два часа од по 30 минути - фудбал, за време на викендите, или вкупно 6 часа, во три сесии неделно. Во програмата, освен професори од соодветната област, вклучени се и психолог, педагог, нутриционист, доктор, кондиционен тренер и фудбалски тренер со УЕФА Б лиценца. Во работата се практикува „кругот на успехот„. 
 Период - Септември - Јуни
Групите се по 25 учесници. 
Цена 4.000 денари месечно
 
ЈАС СТАНУВАМ ЧОВЕК
Програмата се одвива во текот на осум семестри од по три месеци, вкупно 24 месеци  и  се состои од два пати по 2 часа неделно по 60 минути, предавања и вежби и 2 пати по 30 минути фудбал, во текот на викендите. Во програмата, освен професорите и асистентите од соодветната област, вклучени се и психолог, педагог, нутриционист, доктор, кондиционен тренер и фудбалски тренер со УЕФА Б лиценца. Во работата се практикува „кругот на успехот„„. 
Есенски семестар:
Настава: Октомври, Неомври и Декември - Полагање: Јануари
Пролетен семестар: 
Настава: Март, Април и Мај - Полагање: Јуни
Групите се по 25 учесници. 
Цена 20.000 денари семестар
МАЈСТОРИТЕ УЧАТ ОД МАЈСТОРИ
Програмата се одвива во текот на три месеци - 24 часа од по 60 минути со Менторот и 24 часа Х 60 минути вежби со неговиот асистент, по принцип, два пати неделно и 12 сесии на фудбал, 2 х 30 минути, во текот на три месеци. Четвртиот месец се организира презентација на подготвените завршни задачи од соодветната област на секој учесник.  
Настава: Октомври, Неоември и Декември - Презентација: Јануари
Пролетен семестар: 
Настава: Март, Април и Мај - Презентација: Јуни
Групите се по 25 учесници. 
Цена 20.000 денари  
 6. ПРИЈАВА ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

Запишувањето на програмите на САРОШ ОТВОРЕН УИВЕРЗИТЕТ се врши преку пополнување на пријава, која можете да ја симнете овде. Пополнете ја, електронски, или во печатена форма, скенирајте ја или фотографирајте ја и испратете ја на е-маил: saroshuniversity@gmail.com и јавете се да потврдите на Мобил 070-205-839. Во рок од 24 часа ќе ви биде потврден вашиот упис. Академијата својата едукација ја обавува на повеќе локации во Градот Скопје, во зависност од бројот на пријавени поединци во соодветната група и нивните места на живеење. 
  • Sarosh University
  • Sarosh University
  • Sarosh University
  • Sarosh University

070-205-839

bottom of page