top of page
https://prevencijamk.wixsite.com/mysite
 
 
ГРАЃАНСКА ПРЕВЕНЦИЈА е програма на Македонскиот Центар за Култура и Развој - МЦКР кој е еден од учесниците во платформата САРОШ ОТВОРЕН УНИВЕРЗИТЕТ. Продуцентското друштво „Сарош„ лобистички, логистички и финансиски ја поддржува организацијата МЦКР и нејзините активности. Со вклучувањето на овој проект во платформата на отворениот универзитет се овозможува негово дисеминирање, развој во земјата и негова промоција и вмрежување во Светот. За подетални информации можете да ја посетите официјалната веб-страна на проектот; www.prevencija.mk. Со Вашето вклучување во нашиот образовен процес имате можност да учествувате во програмата
ГРАЃАНСКА ПРЕВЕНЦИЈА и нејзините под-проекти.
  • Граѓанска ПРЕВЕНЦИЈА е долгорочен проект на Македонскиот Центар за Култура и Развој кој ги обединува сите граѓани кои чувствуваат одговорност за превенција на себе си, своето семејство, својот имот, своето духовно наследство, својата земја, природата и вкупниот живот на земјата. „Подобро да се спречи отколку да се лечи„ е нашиот слоган кој е позајмен од колективната мудрост на нашиот народ а кој на прецизен начин упатува на правилното размислување однапред, за успехот и квалитетниот живот што следи потоа.

  • Проектот „Граѓанска ПРЕВЕНЦИЈА„ е надпартиски, наднационален, надрелигиски, во неговата суштина е ГРИЖАТА ЗА ЧОВЕКОТ, СЕКОГАШ И НА СЕКОЕ МЕСТО, развивање на ЈАВНАТА СВЕСТ ЗА КОЛЕКТИВНОТО ДОБРО и СИЛНО ОБЕДИНУВАЊЕ ЗА ПОДОБРО УТРЕ.

  • Во рамките на проектот предвидено е отворање на 11 регионални канцеларии и Градот Скопје во тесна соработка со ЗЕЛС и сите општини во РМ.

  • За да имаме ЗДРАВА НАЦИЈА неопходно е ЧУВСТВОТО ЗА ПРЕВЕНЦИЈА да се всади во граѓаните уште од нивната најрана возраст. Во оваа смисла, во рамктие на проектот „Граѓанска ПРЕВЕНЦИЈА„ перманентно ќе бидат организирани предавања, тренинзи, курсеви, семинари и презентации поврзани со методите и пристапите за масовна граѓанска превенција.

  • МЦКР како поддршка на проектот „Граѓанска ПРЕВЕНЦИЈА„ ги инагурира двете маскоти ПРЕВЕНТКО и ПРЕВЕНТКА кои ќе бидат „Граѓански офицери за превенција„, облечени во соодветна униформа, со „ранец за превенција„  во кој ќе бидат содржани основни средства за превенција како што се АПАРАТ ЗА КРВЕН ПРИТИСОК, ПРВА ПОМОШ СО ЗАВОИ, ГАЗИ, ТОПЛОМЕР и апчиња кои се општодостапни како например андол, кафетин и слично, потоа Вода, боца со кислород, презервативи  и други превентивни средства.  Превентко и Превентка постојано ќе бидат присутни на плоштадите, пред факултетите, на пазарите, подготвени секогму да помогнат, секогаш и секаде. Проектот ги опфаќа следните сегменти;

  • Проектот „ГРАЃАНСКА ПРЕВЕНЦИЈА„ ги опфаќа следните сегменти: 

  • Превенција од ОПШТЕСТВЕНИ ЗАКАНИ: 

  • Превенција во спортот;

    • Превенција на спортските натпревари;

    • Интезивна соработка и развој на навивачктие групи;

    • Превенција при занимавањето со спорт;

  • Превенција при јавни настани;

    • Собири

    • Митинзи

    • Избори

    • Настани во затворен простор

    • Настани на отворен простор

  • Превенција при избори

    • Набљудување на изборите

    • Превенци од насилство за време на кампањите

    • Превенција од насилство на денот на изборите

    • Едукација на граѓаните за изборниот процес 

  • Превенција и едукација во училиштата и факултетите

    • Превенција од употреба на пиротехнички средства

    • Превенција и едукација при прославување на матурски и полуматурски прослави, родендени и други забави

    • Превенција и едукација за заштита од вршење (жртви или сторители) на кривични дела

    • Превенција и едукација од насилство на спортски натпревари

    • Превенција и едукација од злоупотреба на компјутерскиот криминал, социјални мрежи, педофилија и трговија со луѓе

    • Превенција и едукација од употреба на дроги и алкохол кај младите

    • Превенција и едукација во сообраќајот

    • Превенција и едукација од насилство во автобуси и превозни средства

    • Превенција и едукација за меѓуетички и меѓуверски прашања и градење на мерки за доверба и толеранција

    • Превенција и едукација во угостителски објекти – кафулиња  и интернет кафулиња

    • Превенција од употреба и злоупотреба на оружје

  • Превенција од ПРИРОДНИ ЗАКАНИ

    • Превенција од ЗЕМЈОТРЕСИ

    • Превенција од ПОЖАРИ

    • Превенција од ПОПЛАВИ

    • Превенција од ЕКОЛОШКИ ЗАКАНИ 

  • Превенција од ДУХОВНИ ЗАКАНИ

    • Превенција од секти и други девијантни духовни закани 

  • Превенција од ЗДРАВСТВЕНИ ЗАКАНИ

    • Превенција од ХИВ/СИДА

    • Превенција од зголемена телесна тежина

    • Превенција од покачен крвен притисок

    • Превенција од срцеви заболувања

    • Превенција од пушење

    • Превенција од стрес на современито живот

    • Превенција од сите други видови здравствени закани

  • Под-проекти  

  • Под-проект„Развивање на мрежата за граѓанска превенција низ земјата„;

    • Кадровско заокружување;

    • Поврзување со локалната заедница;

    • Развивање на локална и национална аналитика;

  • Под-проект; „Превентко и Превентка на услуга на граѓаните„ – Граѓанска превенција при јавни настани – перманентна служба;

  • Под-проект: „Детска академија за превенција„;

  • Под-проект „Превенција од насилства во средните училишта во Град Скопје„;

  • Под-проект „Национална СТРАТЕГИЈА за превенција при земјотреси и пожари„;

  • Под-проект „Превенција за време на ИЗБОРИ„ – постојан проект за посматрање на изборите и превенција од насилства за време на кампањи и избори;

  • Под-проект „Превенција и едукација од злоупотреба на социјалните мрежи и компјутерскиот криминал„;

  • Под-Проект „Превенција и едукација во сообраќајот„

  • Под-проект „АБЕР – Центар за јавување и информирање на граѓанската превенција„;

  • Под-проект „Прва Национална Конференција за Граѓанска Превенција;

  • Под-проект „Подобро да се спречи-отколклку да се лечи„ едукативна телевизиска серија  и кампања за превенција.

  • Под-проект „Студија за превенцијата во Република Македонија од 1945 до 2015 година„ пракса и искуства – научна студија;

 
  • Sarosh University
  • Sarosh University
  • Sarosh University
  • Sarosh University

070-205-839

bottom of page