ТЕАТАР „БОЕМИ„
Мисијата на театарот е, во духот на новото време на живеење, развивање на театарската дејност, културата и уметноста во Република Македонија и Светот и афирмирање на хуманите идеи за мирен живот во кој ќе преовладува културниот натпревар меѓу народите. Театарот е член на платформата САРОШ ОТВОРЕН УНИВЕРЗИТЕТ и учествува во реализацијата на театарскиот сегмент од обуката на поединците вклучени во програмата на отворениот универзитет.
Целите и задачите на Театар БОЕМИ се:
-
Подготовка и изведување на театарски, драмски,оперски, балетски и мултимедијални претстави;
-
Снимање на филмови;
-
Развивање на квалитетен уметнички ансамбл;
-
Развивање на центар за едукација на изведувачки уметности;
-
Изведувања за театарски истражувања и експерименти;
-
Организирање на годишна манифестација ТЕСПИС – Денови на истражувачкиот театар;
-
Подготовки на театарски претстави за деца и млади;
-
Работа на ДЕТСКО ДРАМСКО СТУДИО
-
Релизација на ПРВА СВЕТСКА ЉУБОВ – Меѓународен проект
-
Реализација на ТЕАТАР НА ПАЗАР – проект за достапен театар до секого, во соработка со пазарите во Скопје и општините низ земјата;
-
Релизација на перманентната програма ТЕАТАР ЗА СЕКОЈ ГРАЃАНИН – професионален репертоар во сите градови на Република Македонија каде што нема професионални театарски куќи и ансамбли;
-
Организирање ЛЕТЕН ТЕАТАРСКИ КАМП
-
Учество на ЕДЕРЕД – европските младински театарски средби и организирање на ЕДЕРЕД во Република Македонија
-
Организирање на меѓународен семинар, симпозиум и работилница АНТИЧКА ДРМА ВО АНТИЧКИОТ ТЕАТАР – ОХРИД;
-
Спроведување на истражувања и ингурирање на ТЕАТАРСКИ ФУДБАЛ – метод за взаемен третман на двата катарзични феномени „театар„ и „фудбал„;
-
Организирање и реализација на долгорочната програма КВАЛИТЕТЕН МАКЕДОНСКИ ТЕАТАР ЗА ДИЈАСПОРАТА;
-
Реализираењ на програми ЗА ЕДУКАЦИЈА ПРЕКУ ДРАМА
-
Реализација на програма СТУДЕНТСКИ ТЕАТАР;