top of page

ЗДРАВ СПОРТ ЗА ЗДРАВО ОПШТЕСТВО

WWW.ZDRAVSPORT.MK

Македонскиот Центар за Култура и Развој – МЦКР, како национален ФАРЕ координатор и организација која постои и интезивно работи во општествениот живот на Република Македонија го покренува долгорочниот проект ЗДРАВ СПОРТ ЗА ЗДРАВО ОПШТЕСТВО кој во себе обединува 13 под-проекти и е насочен кон сеопфатен третман на СПОРТОТ како ЦЕЛО во ОПШТЕСТВОТО.

Република Македонија во минатите 20 години ја заокружи својата државност и стана рамноправен учесник на меѓународните спортски настани. Во земјата се создадоа и развија национални спортски организации на сите спортови кои се практикуваат во нашата земја а се поинтезивно нашите граѓани се идентификуваат, ги следат и ги бодрат нашите национални спортски репрезентации.

Имајќи го досегашното искуство од една страна и врвните европски и светски вредности од друга, Македонскиот Центар за Култура и Развој, организција која веќе 17 години интезивно учествува во развојот и третманот на спортот во нашата земја, го покренува овој проект кој во својот назив содржи прецизна порака дека ни е неопходен ЗДРАВ СПОРТ ЗА ЗДРАВО ОПШТЕСТВО.

Транзицијата во Република Македонија од една страна и новите услови на дејствување како самостојна држава од друга, создадоа и редица нови приоди, многу грешки, несоодветен третман на различни феномени во и околу спортот и конфузен однос кон насилствата на спортските терени. Во исто време, успесите на македонските репрезентации во фудбалот, ракометот, кошарката и во сите други спортови како што беше шампионската титула на ракометниот клуб Кометал „Ѓорче Петров„ и особено четвртото место на нашата репрезентација на еврпското кошаркарско првентство, за прв пат создадоа моќна идентификација на сите граѓани и целата нација со нашите спортски херои, претворајќи го СПОРТОТ во моќен сврзувачки феномен на нашето изразито расцепкано секојдневие и општествената поделеност по разни основи – политичка, социјална, религиска, национална. Спортските херои на најубав начин, директно од спортските арени ни испраќаат моќни пораки за соживот, братство, единство, заедништво, колективен успех. Сите горенаведени факти ја наметнуваат потребата од една стројна, сепфатна и врвно разработена програма која перманентно ќе се грижи за ВЛИЈАНИЕТО на СПОРТОТ врз ОПШТЕСТВОТО и МОЖНОСТИТЕ за РАЗВОЈ на ОПШТЕСТВОТО преку СПОРТОТ.

Ова е основната мисија на нашата долгорочна програма која е разработена во рамките на 13-те под-проекти секој со своја специфика и значење, а сите зедно претставуваат еден сеопфатени механизам за развој на СПОРТОТ како ЦЕЛО во ОПШТЕСТВОТО.

Овој проект се занимава СО ПОВРЗУВАЊЕ на различните сегменти од кој е составен феноменот СПОРТ и ФУНКЦИЈАТА што тој ја врши на ЛОКАЛНО, НАЦИОНАЛНО и МЕЃУНАРОДНО НИВО.

Во проектот и сите негови под-проекти ќе бидат афирмирани најдобрите европски и светски практики, принципи и критериуми како и принципите на олипизмот, во насока на создавање здрав спортски амбиент и истакнување на неговата димензија на славење на животот и истакнување на добрите, племенитите и убавите карактеристики на секој поединец.

Во реализација на проектот и сите под-проекити интезивно ќе комуницираме и соработуваме со сите чинители на СПОРТОТ во ОПШТЕСТВОТО како што се спортистите, спортските клубови, националните спортски сојузи, Агенцијата за млади и спорт, Македонскиот Олимписки Комитет, Факултетите за физичка култура при УКИМ и ФОН, македонските спортски легенди,о земјата, навивачите, љубителите на спорот, медиумите што третираат спортот.

Проектот и под-проектите се ОТВОРЕНИ за сите ГРАЃАНИ и ВЕ ПОКАНУВАМЕ СИТЕ ВАС што имате желба, амбиција или импулс ДА МУ ПОМОГНЕТЕ НА НАШИОТ СПОРТ да ни се придружите во оваа наша ЗЕДНИЧКА БОРБА ЗА ВРЕДНОСТИ. Моделите и механизмите се создадени и перфектно функционираат во развиените земји во Европа и Светот, но специфичниот сензибилитет на нашата земја и нашите граѓани бара од нас ДА ГО ГРАДИМЕ И РАЗВИВАМЕ нашиот СПОРТСКИ СИСТЕМ на НАШ НАЧИН вградувајќи ги во него НАЈДОБРИТЕ ПРАКСИ и НАЈКОРИСНИТЕ ТЕОРЕТСКИ ПРИСТАПИ адаптирани на нашите карактеристики и особености.

 

Под-проекти;

 

 

  1. Под-проект„ВЕРНА ФАЛАНГА„ – Навивачки клуб на македонските репрезентации„;

 

Ги обединува сите поддржувачи на македонските репрезентации, се грижи за нивна координација, организира заедничко следење на македонската репрезентација во земјата и светот, организира годишен фестивал на спортот, соработува со навивачки клубови на репрезентации од светот, ги имплементира врвните принципи на навивање без насилство, национализам и расизам,  со врвна организација се грижи за вкупната безбедност на своите членови, организира дневно дружење на своите членови во клубовите на МЦКР. Верната фаланга ги обединува сите наши граѓани кои живет во Република Македонија или во билио која друга земја во Светот, во поддршката на нашите репрезентации во сите спортови;

 

  

2. Под-проект; „ДЕН НА СПОРТОТ во Република Македонија„

 

Еднодневен настан кој го слави масовниот спорт. Денот на спортот ќе се организира во тесна соработка со Владата на Република Македонија, Агенцијата за млади и спорт и сите граѓани на земјата. Во рамките на Денот на спортот ќе се организираат серија на настани а вработените во јавниот и приватниот сектор на своите работни места ќе практикуваат неколку часа различни видови на спорт. По повод овој ден ќе се организираат и серија на културни настани, поврзувајќи го спортот со културата во насока на славање на животот.

 

3. Под-проект: „Одиме на спортски натпревар„ – долгорочен проект за анимирање на граѓаните да следат спортски натпревари

 

Долгорочен проект насочен кон омасовување на следењето на спортските натпревари. Поради многу причини, главно транзициони, спортските трибини се најчесто празни, освен на дерби утакмиците или на меѓународните натпревари, главно, публиката недоволно ги посетува спортсктие настани. Публиката на спортските борилишта е особено важен сегмент и атмосферата што се создава при полн стадион и полна сала и директно влијае врз квалитетот на спортскта утакмица или спортскиот настан. Програмата „Одиме на спортски натпревар„ е широк сеопфатен пристап кој ќе ги мотивира и организира граѓаните; учениците, студентите, вработените, пензионерите и сите останати, организирано да ги посетуваат спортските натпревари, при што наше мото ќе биде; „Секое столче – зафатено„. Во процесот на реализација на оваа програма ќе биде остварена соработка со сите релевантни организации и институции од општестениот сектор како и компании од приватниот сектор.

 

4. Под-проект „СОВЕТ на Навивачките Групи на Република Македонија„ – Координативно тело на сите навивачки групи од нашата земја

 

Овој Совет е перманентно координативно тело кое ќе биде форма на соработка помеѓу сите навивачки групи од сите спортови, претставувајќи национално тело на навивачките групи и навивачите во Република Македонија. Односот на навивачите и општеството е тема за перманентна дискусија и може да се констатира дека општеството реагира само кога ќе биде создаден определен проблем од страна на навивачите на спортските терени. Современото навивање е повеќе од обично следење на спортски натпревар. Тоа е сериозен ритуал кој овозможува преку кореографии, песни, позитивно навивање и дружење да се слави спортот, животот и да се биде активен учесник во спортската битка, помеѓу два спортски ривали. Овозможувањето услови за квалитетно навивање, обезбедување на навивачки реквизити, застапување на правата и интересите на навивачите во однос на институциите на земјата, како и подобрување на вкупниот амбиент и перманентна квалитетна комуникација помеѓу сите навивачки групи во земјата се приоритетите на овој под-проект.

 

5. Под-проект „ВО ЗДРАВО ТЕЛО – ЗДРАВ ДУХ„ – долгорочен проект за масовен спорт

 

Масовното вклучување во спортските активности на граѓаните директно влијае врз успешноста на нацијата. Споротот како феномен, преку негово секојдневно практицирање, ја активира и афирмира позитивната енергија на човекот. Поради различни причини, општа е констатцијата дека многу мал процент од граѓаните на земјава активно и перманентно се занимаваат со спорт. Во оваа смисла, во рамките на овој под-проект ќе бидат преземени серија на конкретни активности за промоција и афирмација на спортот помеѓу обичните луѓе и конкретни пристапи за нивно охрабрување да започнат перманентно со конкретни спортски активности;

 

6. Под-проект „ПРЕВЕНЦИЈА при следење спортски натпревар„ – проект за спортска превенција во соработка со спортските федерации

 

Грижата за безбедноста на присутните гледачи на секој спортски натпревар е врвен приоритет. Сведоци сме дека многу често има серија на пропусти и скоро никаква информација и едукација за спецификите на конткретнито стадион/сала, за официјалните и алтернативните влезови и излези, ниту пак има упатства за постапување при немири или пак при елементарни непогодои како што се земјотрес, гром, струен удар или слично, во рамките на конкретното спортско борилиште. Овој проект ќе се занимава со постојано подигнување на стандардите, свеста и информираноста на публиката за безбедносните специфики на секој спортски објект, како и перманентно подобрување на безбедносните сегменти и запазување на безбедносните стандарди на секој конкретен спортски објект.

 

7. Под-проект „СОВЕТ ЗА СОЦИЈАЛНА ДИМЕНЗИЈА НА СПОРТОТ без насилство, национализам и расизам„

 

Советот е формиран во 2009 година, во Агенцијата за млади и спорт, при што, беше остварена координација и комуникација со сите спортски сојузи во нашата земја, во насока на заедничка акција на вкупниот спортски еснаф во борбата против насилството, национализмот и расизмот на спортските терени. Советот ќе породолжи перманентно да функционира развивајќи ги и координирајќи ги сите активности во борбата против насилството на спорсктие терени во земјата.

 

 

 

8. Под-Проект „ФАРЕ – НАЦИОНАЛНА КООРДИНАЦИЈА за Република Македонија„ – координирање на сите активности на FARE – Football Against Racism in Europe – во Република Македонија.

 

МЦКР како национален ФАРЕ координатор, секоја година ги координира сите активности на сите организации од Република Македонија кои имаат активности во рамките на Акционата Недела на ФАРЕ – мрежата – Фудбал против расизмот во Европа како и на останатите активности во текот на годината. Сите активности на МЦКР како национален ФАРЕ координатор во Република Македонија ќе бидат реализирани во рамките на овој под-проект.

 

9. Под-проект „СПОРТОТ и КУЛТУРАТА како СЛАВАЊЕ НА ЖИВОТОТ„ – суштинско поврзување на спортот и културата.

 

Перманентна програма за поврзување на спортот и културата, при што особена грижа ќе се води, секој културен настан да добие и своја спортска димензија и обратно, секој спортски настан да добие како поддршка, своја културна димензија. Ќе бидат организирани различни форми на турнири и масовни спортски активности, како и културни активности и мажоретки, со цел квалитетна реализација на овој особено значаен под-проект во рамките на вкупнот проект.

 

10. Под-проект „СПОРТСКА ДИПЛОМАТИЈА„ – одржување дипломатски свечености за време на секој меѓународен настан помеѓу репрезентациите или клубовите од Република Македонија и од Светот, како и за време на одржување на меѓународни спортски првенства во Република Македонија.

 

Често се вели дека „Спортот е најдобар диполомат„ и тоа е точно. Меѓународните спортски настани, освен тоа што се средба на два спортски тима - национални репрезентации или клубиови, тие се и средба на две нации, две држави, две култури, два различни начини на живеење, секој со свои специфики и свои карактеристики. Преку овој проект ќе бидат искористени сите можности на секој конретен натпревар за организирање придружни активности и програми како што се; средба на дипломати, презентирање на особеностите на земјата, бизнис можностите, запознавање со традицијата и културата на соодветната земја, изложба на карактеристична храна и пијалоци, и сето ова ќе биде како активност, пред, за време и по конкретниот натпревар. Преку оваа активност, особено ќе се потцрта космополитската димензија на спортот во општеството и неговото значење за запознавање на различните нации и култури.

 

 

11. Под-проект „ВО ЗДРАВО ТЕЛО – ЗДРАВ ДУХ„ - едукативна телевизиска серија  и кампања за важноста на културата и спортот во животот на луѓето.

 

Телевизиска серија и серија на радио емисии, како и интезивна медиумска кампања која ќе ги афирмира вредностите на спортот и ќе ги мотивира граѓаните да се занимаваат со спорт. Овој под-проект ќе се реализира перманентно.

 

12. Под-проект „СОЦИЈАЛНАТА ДИМЕНЗИЈА НА СПОРТОТ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - во периодот од 1945 до 2015 година„ - пракса и искуства – научна студија;

 

Научна студија за влијанието на спортот врз општеството, од настанувањето на нашата земја до денес, при што ќе бидат истражени сите значајни сегменти и влијанија на спортот врз развојот на земјата и обратно, развојот на земјата и нејзиното влијание врз развојот на спортот.

 

13. Под-проект „ДНЕВЕН КЛУБ на МЦКР – дневен комуникативен центар на МЦКР во кој перманентно комуницираат, се информираат и се дружат членовите на МЦКР и учесниците во неговите проекти и под-проекти;

 

Дневниот клуб на МЦКР ќе биде фомра за перманентно дружење на сите вклучени учесници во проектите и под-проектите на организацијата. Дневни клубови ќе бидат отворени во сите градови каде што МЦКР ќе има свои канцеларии.

  • Sarosh University
  • Sarosh University
  • Sarosh University
  • Sarosh University

070-205-839

bottom of page