top of page

МАКЕДОНСКИ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА И РАЗВОЈ - МЦКР

Мисијата на Македонскиот Центар за Култура и Развој  е унапредување и развој на македонската култура, уметност, образование, економија, екологија, политика, демократија, изборен процес, превенција, навивачки групи и цивилно општество во Република Македонија и презентирање, застапување и афирмација на програми и на заинтересирани македонски организации од овие сегменти во Светот.

Целите и задачите на МЦКР се:

  • Овозможување услови за остварување и заштита на врвни културни вредности;

  • Поттикнување на разноврсноста и различноста во културата;

  • Обезбедување услови за остварување и за заштита на културниот идентитет на граѓаните од различно етничко потекло;

  • Грижа за културниот развој и остварување на културни права на македонските иселеници во Светот;

  • Создавање услови за рамноправен културен развој во Републиката;

  • Афирмација на културата на Република Македонија во Светот;

  • Организирање предавања, семинари, курсеви;

  • Организирање студиски патувања, размена на студенти и студентски престој на студенти и професионалци во партнер-организации, образовни институции и организации во Светот;

  • Прибирање информации за сите културни и уметнички настани во земјата и Светот како што се фестивали, курсеви, конкурси, презентации и слично и нивно презентирање и доставување до сите заинтересирани институции и поединци;

  • Развој на културата преку програми за развој на домовите на култура, театрите, филмските куќи и останатите културни и уметнички институции во Република Македонија;

  • Презентација на македонската традиција, култура и уметност во Светот;

  • Подготвување и организирање: турнеи, претстави, изложби, филмски проекции, презентации и други слични активности во земјата и во Светот;

  • Театарска, филмска, телевизиска и музичка продукција;

  • Програми за развој на образованите институции и подобрување на наставата во училишата;

  • Програми за развој и модернизација на здравството;

  • Развој на екологијата и организирање проекти за заштита на животната средина и природата;

  • Развој на економијата преку подготвување и изведување семинари за новите текови во менаџерското работење, претставување на наши претпријатија во светот и други видови на промоција;

  • Развој на цивилното општество преку помош на невладините организации во остварувањето на нивната работа, организирање на тренинг курсеви за подготвување на проекти, информирање и презентација на овие организации во светот;

  • Развој и поддршка на младинските организации во земјата и нивно претставување во светот;

  • Развој на селото;

  • Помош на сите оние кои имаат потреба;

  • Остварување соработка со сродни организации во земјата;

  • Остварување меѓународна соработка и реализирање конкретни проекти со сродни организации во светот;

  • Учество на домашни и меѓународни курсеви, семинари, симпозиуми и средби значајни за работата на МЦКР.

  • Формирање и раководење на навивачката група на македонските репрезентации  ВЕРНА ФАЛАНГА;

  • Формирање на НАЦИОНАЛНА КООРДИНАЦИЈА НА НАВИВАЧКИТЕ ГРУПИ на спортските клубови во Република Македонија;

  • Соработка со ФАРЕ – FARE – Football Against Racism in Europe, фршејќи ја функцијата како Национален ФАРЕ Координатор;

  • Покренување на национален долгорочен стратешки проект  ГРАЃАНСКА ПРЕВЕНЦИЈА и негово раководење и развој на сите нивоа;

  • Нацонално брендирање преку афирмација, развој и реализација на постојаниот проект  МАКЕДОНИЈА ВО СВЕТОТ;

  • Изградба на ТРИ НОВИ ГРАДОВИ 1. МЕНАДА – Град во подножјето помеѓу Маврово и Попова шапка – Универзитетски, здравствен и велнес центар; 2. МАРИОВО – Град во центарот на мариовскиот регион – македонска силиконска долина 3. МУЗА – Град во подножјето на планината Галичица – македонски Холивуд – град на филмска, театарска и музичка продукција

  • МАКЕДОНСКА ЅВЕЗДА – Изградба на брза железница која ги поврзува сите градови од внатрешноста со главниот град Скопје и целата земја ја претвора во голем МЕТРОПОЛИС – Град – Држава.

  • СКОПСКО МЕТРО – Изградба на подземна железница во главниот град на Република Македонија

  • КУЌА ВО МАКЕДОНИЈА – Долгорочен проект за изградба на нови куќи во земјата на секое семејство на македонци и граѓани на РМ од дијаспората;

  • ЕНТУЗИЈАЗАМ – Будење, негување и развој на другарството, пријателството, општествената одговорност и  заедничката грижа за поединецот.

  • КУЛТУРА ЗА СЕКОЈ ГРАЃАНИН – долгорочен проект за балансирање на културата во Република Македонија;

  •   100 ГОДИНИ МАКЕДОНИЈА - Стратегија за долгорочен развој на Република  Македонија за периодот 2020 – 2120;

  • Отворање на ЕВРОПСКИ ЦЕНТАР во секоја општина на Република Македонија како центар кој ќе ги афирмира европските вредности и ќе ги дистрибуира сите информации поврзани со вмрежувањето на Република Македонија во Обединета Европа; 

  • ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ – Долгорочен проект за одржлив развој во Република Македонија на сите нивоа;

  • Национална стратегија за искористување на Европските Фондови во процесот на интегрирање на Република Македонија во Европската Унија;

  • СОВЕТ ЗА МАКЕДОНИЈА – Мислечко тело на национално ниво за долгорочен успех на Република Македонија, кое ги обединува сите врвни умови на нашето време;

  • МЛАДА АКАДЕМИЈА НА НАУКИ И УМЕТНОСТИ – Национална координација која ги обединува најуспешните млади научници и уметници и истите ги вмрежува со проектите и програмите на МЦКР на сите нивоа, во соработка со Македонската Академија на Науки и Уметности;

  • МЕДУЗА – Тинк Тенк – Работа на тинк-тенкот составен од истакнати индивидуалци кои дебатираат за различни важни теми од општествениот, политичкиот и економскиот живот на земјата;

  • Издавање на научно-истржувачко списание во електорнски и печатен облик;

  • Се грижи за спроведувањето на начелото за заштита на човековите права;

  • Ги набљудува изборите во Република Македонија со обучен тим на набљудувачи, врши едукација, мониторинг и анализа на вкупниот избирачки процес и сите учесници во него а за своите активности преку медиумите и преку издавање печатени материјали и книги ја известува јавноста;

  • Учествува во набљудување на избори во други држави;

 
  • Sarosh University
  • Sarosh University
  • Sarosh University
  • Sarosh University

070-205-839

bottom of page